Категории

Дај му на Бог време да ти помогне, причекај три дена

Бил убав и пролетен ден додека мислите на една млада жена се исполниле со мир додека размислувала за Исусовата смрт и воскресение. Застанала за миг на врвот на скалите кои воделе на главната улица која била преполна со луѓе кои брзале на работа…

Бил убав и пролетен ден додека мислите на една млада жена се исполниле со мир додека размислувала за Исусовата смрт и воскресение. Застанала за миг на врвот на скалите кои воделе на главната улица која била преполна со луѓе кои брзале на работа.

На старото место на почетокот на патот, седела стара продавачка. Околу нејзините нозе биле распоредени букети со свежо цвеќе на раширена весник хартија. Продавачката на цвеќе се смеела а нејзиното старо и збрчкано лице сјаело од некоја внатрешна радост.

Без многу размислување младата жена се завртила, одбрала еден букет и прашала: „Денес изгледа сте среќни?“

„Зошто да не“, одговорила старицата. „Се е добро. Зарем не?“

Била облечена сиромашно и била премногу стара, но нејзиниот одговор ја изненадил младата жена.

„Па вие овде седите со години. И секогаш сте насмеани. Изгледа дека добро се носите со вашите неволји?“

„Па не може да ги доживеете овие години, а да немате неволји. Годините и неволјите одат заедно“, одговорила старицата. „Но сето тоа е како Исус и Велики петок..“ а потоа замолчила.

„Како што?“, прашала жената.

„Како Исус и Велики петок. Кога Исус умре на крстот во петок, тоа беше најлошиот ден за Исус. И кога ќе се појават неволји, јас се присетувам на тоа. Затоа што тогаш се сеќавам што се случило со Исус по три дена. Тогаш Исус станал од гробот – воскреснал од мртвите. Кога нештата ќе тргнат на лошо, јас учам да не се грижам туку да причекам три дена, затоа што тогаш некако се тргнува на подобро.“

Младата жена се насмевнала во знак на поздрав и продолжила понатаму. Со себе понела лекција за трпението, и кога и да дојделе неволји и тага, таа само се сеќавала на зборовите „Дај му на Бог шанса да ти помогне. Почекај три дена.“

Прегледи:
914
Објавено на:
16.04.2020