Категории

Дали би кажале „Да“ на вакво запросување? (видео)

Многумина заљубени сакаат на своите идни сопруги да им подготват оригинално запросување. Тоа е најчесто романтичен чин во пријатна атмосфера со цвеќиња, свеќи, музика.. Но, ова не е таков случај.

Видеото е снимено во Русија. На него се прикажува организиран напад на криминалци со маски на лицето кои ги извлекле од автомобил заљубените и ги „легнале“ на хаубата викајќи по нив и заканувајќи им се со пиштол.
Но, делува дека девојката не му замерила многу на дечкото, бидејќи кога сфатила дека нема никој да ги убие, а нејзиниот драг клекнал пред неа со прстенот, таа била воодушевена.
Снимката набрзо се појави на друштвените мрежи со коментар: „Ова е лудо дури и за руски стандарди“.

Прегледи:
1046
Објавено на:
07.07.2019