Категории

Дали да направите промена на работно место?

Ако сте решиле да го направите тоа сепак имајте ги на ум работите кои сте ги работеле претходно и оние кои до прва доаѓаат, претпоставете што сакате да работите и дали таа работа ќе ви го одвлече доволно вниманието за да ја извршувате ефикасно. 

evaluation_work

Понекогаш во глава поминуваат разни мисли па многупати се запрашуваме дали сум јас за оваа работа претпоставувајќи дека веќе долго не ја работиме онаа работа што ја сакаме. На еден начин можеме да кажеме дека нашата професиолна кариера пропаднала но дали е тоа така. Започнуваме да бараме нова работа но што сакаме да работиме и дали сме цврсто убедени во нашите ставови, за нашето идно работно место.

Треба да застанеме да ги согледаме можностите и вештините кои ги поседуваме па може да донесеме заклучок од сето тоа. Можеби нашето време за одредена работа што сме ја сакале одминало можеби веќе не сме моќни да го работиме тој тип на работа. Можеби и околината не наведува кон друг тип на работа различна, премногу комплицирана но сепак добро платена. Кога ќе започнете да барате работа најдете ја причината зошто го напуштате старото место, можеби сепак грешите. Новото работно место бара прилагодување кон нова средина, вложување нови сили, запознавање со средината.

Може да дојдете до ситуација да заработувате многу да имате пари да го купите се она што ќе ви падне пред очи но да немате време да посветите ниту дел од вашето време на останатите – најмилите околу вас. Запознавањето на работното место може да оди на мошне тежок начин, можно е вашето ново работно место да е од таков затворен тип, па да се преокупирате со досада.

Важно е да ја научите работата што ја работите,  да вложувате во неа а како времето минува секако дека ќе ја засакате. Доколку не успеете во тоа побарајте измени, советувајте го вашиот претпотсавен, направете промени, така можеби и ќе добиете унапредување.

Запомнете: Добро платените работи, секогаш оставаат малку време за одмор и уживање и повеќе стресни ситуации.

Прегледи:
580
Објавено на:
21.07.2016