Категории

Дали дождот влијае негативно врз расположението?

Ако често зборуваме за времето и временските прилики, истражувањата покажуваат дека и не прави голема разлика во нашето расположение. Барем не онолку колку што мислиме.

Било дали грее сонце или паѓа дожд, било да е топло или ладно, со или без ветер, во текот на работните денови никој не размислува за времето. Времето минимално влијае врз нашето расположение.

Податоците презентирани на конференцијата на економското здружение во Њујорк го срушија фактот дека времето негативно влијае врз нашето расположение. Анализата покажала дека луѓето се најчесто нервозни кога времето е сончево затоа што убавиот ден мораат да го поминат во канцеларија или на друго работно место. Сепак, тоа влијание е мало и занемарливо.
Докторот Франц Буш од универзитетот Венсминстер спроведе истражување кое се темели врз податоците од временски интервал од 17 години, а вклучува околу 10.000 луѓе. Докторот се изјасни:
„Верувањето во тоа дека убавото време го подобрува расположението не е заклучок кој може да се изведе од моето истражување. Британците секојдневно доживуваат големи временски промени, но нити порастот на температурите, нити дождот не влијаат врз нивнотото расположение.“

Прегледи:
421
Објавено на:
23.09.2019