Категории

Дали е безбедно да се користи хируршка маска неколку пати и на кој начин се пере платнената?

За време на пандемијата кога постои недостиг на маски, постојат нешта кои би требало да ги знаете за нив

Поради големата побарувачка на хируршките маски, денес е многу тешко да се дојде до една, па поради недостатотокот сега тие се користат повторно и повторно, дури и ако тоа не е ефективно.

Постојат два вида на маски и двете се наменети за еднократна употреба. Хируршките маски спречуваат луѓето да ја шират сопствената зараза и воглавно ги користат хирурзите за да ги одржат своите микроби подалеку од пациентите. Нив секако, можат да ги користат и болните пациенти со цел да го смалат ширењето на болеста од ситните честици кои ги искашлуваат.

Од друга страна, респираторните маски кои филтрираат 95 проценти од честиците надвор во воздухот со цел да се минимализира исложеноста на корисниците инфицирани од болести, ги носат здравствените работници кои се грижат за болните луѓе и не сакаат да ги заразат.

Маските за лице не се предвидени да се користат повеќе пати.

Хируршките маски и N95 респираторните маски се наменети за еднократна употреба, вели Ханс Рихштајнер, доктор и општ хирург во медицинскиот центар Бурнет.
Постојат респираторни маски кои можат да се користат повторно и повторно, но нив ги користат медицинските работници. Тие се направени за оние кои работат со супстанции кои создаваат чад и се изложени на хемикалии како пожарникарите.

Светската здравствена организација препорачува отстранување на маската откако ќе стане влажна од здивот и никогаш повторно не смее да се користи откако еднаш ќе биде носена.
Тие советуваат да се користат три маски и да се ротираат на дневно ниво и притоа да се оставаат на осветлен простор за да исушат а во меѓувреме да се уништат вирусите.

Додека за платнените маски советуваат перење на 30 степени со сапун и сретство кое содржи алкохол.

Прегледи:
1126
Објавено на:
03.04.2020