Познатата манекенка која важи за кралица на Halloween, поради нејзините костими кои секогаш се легендарни, оваа година се надмина себеси
По повод празникот Halloween, во еден ноќен клуб каде се собираат познатите личности да го прослават овој настан, секако се појави и Хајди Клум чие појавување секогаш жедно се исчекува. Таа секогаш успева да изненади со своите избори па затоа ја нарекуваат кралица на маските, а и оваа година не пропушти да ги шокира сите.
Хајди се појави заедно со нејзиниот сопруг Том Каулиц. Манекенката беше маскирана во злобен вонземјанин, гола и со органи кои се видливи. Со застрашувачки изглед таа ги предизвика бурни реакции од присутните, некои беа згрозени додека некои се воодушевија од нејзиниот избор.