Категории

Дали е ова најубавиот понтонски мост на светот? (фото)

Областа Хубеи во централна Кина може да се пофали од најубавите понтонски мостови со прекрасен пејсаж кој го следи текот на реката.

Овој колоритен и бајковит пејзаж претходно беше можно само да се види на брод.

Дрвеното шеталиште во Шизигуан за прв пат беше снимено во саботата, за следниот ден, 1 мај, да биде претставено пред јавноста.

Должината на мостот е 500 метри, а со својата линија ја следи реката меѓу планините кои ја опкружуваат. Посетителите имаат можност да одат во двете насоки на мостот, а затоа што тој плута по површината, тие имаат чувство како да лебдат над водата.

1309431611518345815350241781469248448424059n

Целиот регион е опкружен со шума во неверојатни нијанси на зелена боја која обезбедува чувство на спокојство и мир, пишува Daily Mail.

130943211151834611535021709501272867058621n

Прегледи:
883
Објавено на:
04.05.2016