Категории

Дали е твојот партнер со тебе само поради тоа што не пронашол некоја подобра?

Со цел да не прифаќате ништо помалку од она кое го заслужувате, добро научете ги знаците кои упатуваат на тоа дека вашиот партнер можеби е со вас само за да го пополни своето време до доаѓањето на онаа „вистинската“.

Во врските никогаш не можете да бидете потполно сигурни, сепак постојат некои показатели кои упатуваат дека вашиот партнер не е премногу заинтересиран. Можно е да припаѓа во група на луѓе кои немаат проблем со тоа да го пополнуваат своето време пред да наидат на некој подобар. Како да не дозволите да бидете жртва на таквиот однос, ви донесуваме предупредувачки знаци на таквиот површен однос.

Со цел да не прифаќате ништо помалку од она кое го заслужувате, добро научете ги знаците кои упатуваат на тоа дека вашиот партнер можеби е со вас само за да го пополни своето време до доаѓањето на онаа „вистинската“.

1.Не разговарате за конкретни чекори за иднината
Ако вашите заеднички планови за иднината се секогаш површни или воопшто не постојат, време е да се запрашате во која насока оди вашиот однос. Незаинтересираноста на партнерот за заеднички планови за иднината упатува на индиферентност спрема вашиот однос.

2.Се појавуваат инстинктивни сомнежи
Иако често инстинктите ни испраќаат сигнали кои се спротивни од она во кое сакаме да веруваме, стручњаците предупредуваат дека е доста важно да се земаат во обзир. Емоциите можат да не заслепат и така да не одведат во погрешна насока, додека инстинктите се верни показатели на нештата на кои би требало да обрнуваме внимание за наше добро.

3.Не се труди да ве воведе во својот живот
Ако не покажува премногу интерес да ве воведе во својот живот веројатно не е премногу заинтересиран за вас. Мигот кога би требало да се загрижите е неговото одбивање да ве запознае со пријателите и семејството.

4.Не постоите на неговите друштвени мрежи
Пријателите на неговите друштвени мрежи знаат се за неговите омилени филмови, спортски клубови или музика, но всушност немаат појма за личноста која му го украла срцето. Ако ниедна ваша фотографија не се наоѓа во неговите постови, можеби тоа е знак дека неговото срце и не е сосема украдено.

5.Одма ви дава до знаење дека сериозните врски не се за него
Понекогаш не морате да читате измеѓу редови за да сфатите колку му значите на вашиот дечко или симпатија. Сериозниот партнер кој може да му се препушти на чувствата никога нема на почетокот на врската да ви каже дека не се гледа со вас во иднина.

6.Помеѓу вас нема длабоки разговори
Разговорите секогаш остануваат на површно ниво и немаат некое битно влијание на развивањето на вашиот однос, прилично се јасен показател дека партнерот се воздржува, можеби за отворање кон некоја друга личност.

7.Покрај вас е само кога нему му одговара
Ако вашиот партнер смислува оправдувања да не биде покрај вас кога тоа ви е важно, се работи за маж кој не ги почитува вашите чувства. Ако превзема улога на вашата потпора само кога нему му одговара, веројатно не гаи љубов спрема вас каква што е подготвен да му пружи на некој друг.

Прегледи:
580
Објавено на:
05.05.2020