Категории

Дали е вистина дека убавите луѓе имаат помалку среќа во љубовта?

Научниците истражуваа и дојдоа до зачудувачки резултати

Доколку имате проблеми во љубовните односи, можеби ова истражување ќе ви ги даде одговорите на прашањето кое ве мачи. Во погледно време врските и машко-женските односи стануваат се по комплицирани.
Научниците од универзитетот на Харвард извршија мал експеримент и дојдоа до следните заклучоци.
Иако им е полесно да привлечат внимание кај спротивниот пол и да започнат врска, проблемот кај убавите луѓе настанува кога се во врска која е потешко да ја одржат.
Истражувањето го водеше Кристин Мекеланс и еве како таа го објаснува овој феномен.

„Колку личноста е поубава, тоа потешко и е да го задржи партнерот покрај себе. Тој кој е физички привлечен знае дека има повеќе опции и дека многумина ќе сакаат да бидат со него“, објаснува таа. Врските со личностите кои се сметаат за привлечни се многу по подложни на ризици. Се смета дека атрактивните особи ќе бидат на мета на многу додворувачи и тоа е потенцијално опасно за опстанокот на врската.

„Кога некој има повеќе алтернативи, во фокусот не му е долга врска и работа на неа“, заклучува Кристин.

Прегледи:
505
Објавено на:
30.12.2021