Понекогаш вниманието може лесно се помеша со љубовта..
Па, ако во моментот се сомневате колку длабоки ви се чувствата кон вашиот партнер, еве неколку корисни совети!
Дали ви недостасува кога не ви посветува внимание?
Кога партнерот не ви посветува внимание, дали размислувате како би можеле да му го привлечете вниманието? Кога се чувствува лошо, тажно или под стрес, дали сакате да му помогнете да се чувствува подобро или едноставно чекате повторно да се фокусира на вас?
Љубовта не е себичност, љубовта е партнерство и најдоброто за вашиот партнер, дури и кога тоа значи жртвување од ваша страна.
Дали навистина со него ги доживувате подемот и падовите во животот?
Ако сте навистина среќни за неговите достигнувања и навистина жалите за неговите падови, тогаш ова е знак дека навистина го сакате партнерот.
Ако наидете на пречки, дали сакате да ги надминете? Дали навистина сакате да работите на вашата врска и да се соочите со сите проблеми?
Вистинската и трајна љубов се сведува на тоа да останете заедно во најтешките моменти и да си докажете себе и на партнерот дека помеѓу вас навистина има многу љубов.
Вистинската љубов не е тешка. Кога сакаш некого, целосно се грижиш за него, го почитуваш, сакаш да му веруваш и никогаш не сакаш да направиш нешто што му штети.
Запомнете дека љубовта е длабока и значајна, додека уживањето во нечие друштво е површно и условно.
Дали сакате да се жртвувате за него?
Ако сакате некого повеќе од неговото внимание, со задоволство би се жртвувале за него, можете да најдете убави работи кај него, па дури и во неговите недостатоци, тогаш може да се каже дека го сакате и дека сте задоволни што сте со него.
Што ви кажува чувството?
Можете да копнеете по внимание од различни луѓе, но ако сакате некого, го претпочитате неговото внимание пред другите. На пример: може да бидете на забава и да го привлечете вниманието на сите присутни мажи. Но, ако го сакате партнерот, тогаш работите се малку поинакви – можеби сте опкружени со луѓе, но секогаш ќе го копнеете вниманието на партнерот.
Вистинската љубов вклучува ставање на вашиот партнер на прво место. Ако сфатите дека го градите животот околу неговите желби, потреби, надежи и соништа, колку и за себе – ова е навестување дека навистина го сакате.
Дали му посветувате исто толку внимание колку тој вас? Дали сакате тој да се чувствува посебен или само ви се допаѓа кога тој ќе направи нешто убаво за вас?
Ако сакате да направите вашиот партнер да се чувствува посебен, како и вие, тоа би можело да биде љубов.
На крајот, најдоброто нешто што можете да го направите е да го слушате гласот на разумот во вашата глава. Тој ќе ви каже како навистина се чувствувате и дали навистина го сакате партнерот или само ве привлекува неговото внимание.