Категории

Дали гумите на авионот може да експлодираат при слетување на авионот?

Многу луѓе чувствуваат страв од идејата за патување со авион. Некои се плашат од авионска несреќа, други помислуваат на лет низ невреме, трети па на судар со птиците.. Но, дали некој помислил на можноста гумите да пукнат при слетувањето?

Нема потреба да се грижите, тоа не може да се случи. Но, фактот дека гумите буквално удираат на пистата секогаш кога авионот слетува, а при тоа не експлодираат, навистина е воодушевувачки. Секоја гума е дизајнирана да издржи исклучително голем товар, 38 тони, а може да удри на земјата при брзина од 270 километри на час, а кај некои модели ударот се случува и на брзина од дури 460. Тоа може да се повтори повеќе од 500 пати пред да треба гумите да се проверат.
Многу авиони имаат и повеќе гуми, во зависност од видот на авионот. На пример, Боинг 777 има 14, Еирбус А380 има 22.
Гумите се направени од издржливи материјали. Но, тоа што ги прави толку издржливи всушност е воздухот, под исклучително висок притисок. Гумите се надувани на 13 789 бари, што е 6 пати поголем притисок од тој што се користи за гумите на автомобилите.