Меган Маркл прозборе за нејзиниот живот поминат во кралската палата после 5 месеци откако таа и принцот Хари се откажуваа од кралските титули и се преселија во Канада да живеат како слободни граѓани.
На 6 јули минатата година Меган Маркл и принцот Хари во потполна тајност го крстија својот син – Арчи Маунтбатен Виндзор, во замокот Виндзор во присуство на најблиските од кралското семејство. Во необјавената биографија „Finding Freedom“, Меган открива детали од нејзиниот живот со кралското семејство.
Откако беше нападната од медиумите зошто Арчи го крстија во тајност и зошто не им дозволија на јавноста да учествува на овој чин, британските медиуми пишуваа секакви вести.
Меган открива детали што всушност кралицата побарувала од неа.
„Тие луѓе ме злоставуваа и сакаа да го одгледувам своето дете како сноб. Детето кое не е заштитено и нема титула. Зарем тоа има смисла? Ниедна мајка не би се согласила на такво нешто..“ – пренесува The Sun.