Категории

Дали модерните врски се во сериозна криза? Мажите и жените сé почесто ги проверуваат мобилните телефони на своите партнери

Според истражувањето спроведено од компанијата Аваст, речиси еден од пет мажи и една од четири жени признале дека тајно го проверуваат телефонот на својот партнер.

Постојано проверување на телефонот на партнерот е деликатна ситуација. Ова вообичаено укажува на недоверба. Голем број на брачни советници сметаат дека крајната граница е помината со овој чин. Ова е знак на губење на доверба и потребно е да се преземат соодветните мерки што е можно поскоро, за да се зачува врската.

Повеќето луѓе се срамат од овој чин, а обично ги проверуваат активностите на нивниот партнер на социјалните мрежи во состојба на очај. Врските се почесто се раскинуваат токму поради овој чин.

Експертите, исто така, советуваат дека е најдобро да се зборува директно со партнерот за сите сомневања.

Заклучокот на истражувањето е дека, ако врската е чесна и содржи редовни рутини кои ја градат доверба, тогаш потреба од овие тајни активности. Доколку во одреден момент се сомневате во лојалноста на вашиот партнер, што е апсолутно нормално, почекајте додека не ги забележите јасните знаци на измама.