Голем број на студии откриваат дека можеме да ја контролираме љубовта. Глобално гледано, љубовта е само уште една психолошка состојба како што се радоста, тага а научниците го потенцираат тоа дека сите овие чувства можат да се контролираат во одредена мера.
Постојат одредени трикови кои можат да ви помогнат да натерате некој да се заљуби во вас. Она што е најважно е да сфатите дека е потребно помеѓу вас и потенцијалниот партнер постои некоја хемија или доза на привлечност. За останатото ќе се погрижи психологијата.
Долги погледи
Како што откриваат научниците, заљубените парови се гледаат многу подолго отколку останатите. Овој факт може да ви помогне да го „измамите“ вашиот потенцијален партнер така што со подолго гледање во неговите очи можете да створите илузија на заљубеност, па којзнае можеби таа илузија со текот на времето ќе стане и реалност.
Валканите тајни на виделина
Факт е дека комуникативните особи почесто стануваат допадливи некому. Според истражувањата на харварската школа, поголемиот дел од испитаниците признаа дека сакаат отворени и искрени особи на првиот состанок, и тоа такви кои не кријат ништо и отворено зборуваат за своите чудни навики, вкусови и непријатни ситуации.
Тајниот јазик на заљубените
Размислете за одредени поединости кои ве поврзуваат и смислете шали кои само вие ќе ги разбирате. Кога ќе го направите тоа, вашиот однос ќе прејде на друго ниво, научниците тврдат дека постои едноставна причина за тоа – сите сакаме нешто посебно и единствено.
Игра на сокривање и пронаоѓање
Само во соништата може да се случи да се запознаете со некого, да се заљубите и да поминете цел живот без да се раздвоите. Психолозите истакнуваат дека најдобар начин да опстане една врска е со испробаната тактика. Бидете му блиску и достапни, но не по секоја цена. Не морате да се гледате често, нити да му одговарате на пораките и повицие во истиот миг. Ваквите паузи имаат доста позитивни страни затоа што никогаш нема да ви биде досадно и ќе имате доволно време да размислите за вашите постапки.