Категории

Дали некој ги знае одговорите на овие прашања?

  • Зошто современите технологии, истовремено произведуваат лименки од пиво кои не се распаѓаат во депониите ни по 100 години и каросерии на автомобили кои скапуваат за 5-6 години?

  • Зошто сокот од лимон е направен од концентрат, а детергентот за миење садови од вистински лимон?
  • Зошто белиот конец кој ги поврзува чорапите секогаш е појак од конецот од кој се направени чорапите?
  • Зошто кога ќе фрлите правоаголна цигла во вода, се прават кругови околу неа?
  • Зошто добриот аргумент ни паѓа на памет половина час по расправата?
  • Како да се заспие без да се погледне во телефинот и фрижидерот?
  • Дали сте забележаале дека во близина на компјутерот, особено кога има и интернет, кафето побргу се лади?
  • Каде исчезнуваат чорапите од машината за перење?
  • Ако женски пријателства не постојат, а пријателството помеѓу маж и жена е невозможно, со кого тогаш треба да се дружи жената?
  • Дали и вие, откако ќе испуштите парче храна на под, брзо го подигнувате и дувате на него пред да го изедете?
  • Како да му објаснам на маж ми дека сум се омажила за него, а не сум го посвоила?
  • Каде исчезнуваат парите?
  • Како се создава толкава прашина?
  • Зошто округлестата пица секогаш доаѓа во квадратна кутија?
  • Сигурно сте слушнале за неуништливите црни кутии во авионите… па зошто тогаш не произведуваат цел авион од таков материјал?
  • Дали најпрво се будиш или ги отвораш очите?
Прегледи:
386
Објавено на:
06.09.2021