Категории

Дали партнерот ве прави депресивни?

Ако често сте несреќни со својот партнер, ви е непријатно, ако сте под стрес и се чувствувате исцрпено, тоа се први знаци за еден деструктивен однос.

Посебен проблем настанува кога после долго време поминато во еден ваков деструктивен однос, станувате депресивни. Депресивните луѓе често мислат дека проблемот е во нив, па тоа води кон подлабока депресија.
Обидете се да се ослободите од стравот од самотија и емотивната зависност, кои често можат да ве задржат во една таква врска. Доколку препознаете неколку показатели кои укажуваат дека партнерот ве прави депресивни, психолозите советуваат дека е време да излезете од таа врска.

  1. Чувствувате како партнерот да има моќ над вас и неможете да отстапите од ниедно негово барање.
  2. Постојатно ве критикува и затоа ја губите самодовербата.
  3. Тврди дека е постојано во право и за него апсолутна вистина е само тоа што тој мисли дека е вистина.
  4. Ви зборува што да правите и како да се однесувате.
  5. Се обидува да ве контролира. Овој проблем може веќе да постои, а да не го забележувате.
  6. Ве уценува-или да биде како што сака партнерот или да прекинете со врската.
  7. Секогаш пронаоѓа нови причини за кавга, па мирот во врската е речиси невозможен.
  8. Ве убедува дека тој е најдоброто нешто кое можело да ви се случи во животот.
  9. Кога ќе размислите поубаво сфаќате дека ги правите само тие работи кои му се допаѓаат на партнерот за да избегнете расправии.
Прегледи:
545
Објавено на:
08.04.2019