Категории

Дали постојано избирате ист тип на партнер? – Причина зошто доживувате љубовно разочарување

Вообичаено е кога еден љубовен однос ќе заврши, луѓето не сакаат нивниот иден партнер да ги има карактеристиките на бившиот па затоа бараат поинаков тип на личност – вели авторот на студијата и спихолог Џубин Перк.

Користејќи податоци од повеќегодишното истражување на парови во различни доби, Перк и коавторот на студијата, професорот по психологија Мекдоналд ги споредија карактеристиките на бившите и сегашните партнери во кои беа испитани околу 332 личности.

Првото нешто кое било покажано е дека постои голема сличност во карактеристиките на поранешниот и сегашниот партнер на личноста.

„Степенот на сличност на едниот и другиот однос покажува дека луѓето вистински имаат тип на личност кој го преферираат. Иако нашето истражување не објаснува поради што е тоа така, или поради што нечии бивши и сегашни партнери имаат слични карактеристики, откриваат дека тоа има врска со личноста на особата која го бира партнерот.“

Тоа се однесува и на лошите партнери. Свесте сте за тоа дека некој не е добар за вас и знаете дека повторно ќе згрешите, но повторно бирате слично и испаѓа дека ништо не сте научите. Но, всушност нештата се подлабоки.

„Ако забележите дека постојано „бирате“ порешни, можеба да размислите за тоа што ве привлекува кај таквите луѓе и да поработите на тоа па дури потоа да побарате личност со која сакате да го поминете целиот свој живот“, советува Перк.