Категории

Дали повеќе ви работи десната или левата мозочна хемисфера? Дознајте со овој брз тест од 1 минута

Левата е научната, логичната, а десната страна е креативната и имагинативната. Која сте вие? Тестот од една минута ќе ви даде одговор кој а страна повеќе ви работи, што е и показател за вашите интересни и таленти во животот. 

Одберете помеѓу А и B, поголемиот број ви е показател за тоа која мозочна хемисфера е поактивна кај вас.

 

Решението не е дециден и конечен одговор, кај луѓето активни се и двете хемисфери, а кај некои луѓе тешко се одредува која е поактивна, бидејќи двете се исто активни. Ова е едноставен тест кој во зависност од бројот на одговори ќе ви покаже која хемисфера ви е поактивна.

Меѓутоа јасно е дека супериорноста на левата или десната половина влијае врз начинот на кој ги примаме информациите и дури врз тоа како се однесуваме кон другите. Да знаете каде припаѓате во мозочниот “спектар” не е само забава, туку може да ви помогне да дознаете како да ги користите информациите и како да имате полза и корист со тоа што во дадени моменти ќе ја “пренабрегнете” другата половина на мозокот.

Левата страна од мозокот

Левата страна на мозокот се смета дека е задолжена за логички задачи, артикулација на говорот и аналитичко размислување. Обично се опишува дека левата страна од мозокот е „подобра“ кога се работи за:

  • Говор
  • Логика
  • Критичко размислувње
  • Броеви
  • Резонирање

Левата хемисфера: размислува, обично се научници, математичари, аналитичари и стратези. Стабилни се и практични, секогаш под контрола. Размислува што ќе каже и јасно се изразува. Реални се. Ги знаат правилата и живеат по нив. Решава загатки, пресметува равенки и игра со броеви. Си ја знаат целта и одат со двете нозе на Змеја по патот до неа. Логичари, кои се знаат себе си, ги знаат своите сонови и одлучни се.

Десната страна од мозокот

Според теоријата на доминација на левата или десната страна од мозокот, десната страна е „најдобра“ во експресивните и креативните задачи. Некои од можностите што општо се поврзуваат со десната страна од мозокот, се следните:

  • Препознавање на ликови
  • Изразување на чувства
  • Музика
  • Читање на чувства
  •  Бои
  • Слики
  • Интуиција
  • Креативност

Десна хемисфера е: Љубовникот, креативецот и уметникот. Слободниот дух кој на се приоѓа со страс и сензуалност. Немирни и насмеани. Ги искусуваат нештата со сите свои сетила. Робови на убавите нешта, робови на своите желби и соништа. Ги сонуваат решенијата на безизлезните проблеми. Имагинативни се и комплаксни личности. Уживаат во уметноста, книгите, поезијата. Ја разбираат магијата со која функционира светот. Сонуваат во милион бои и ги остваруваат своите соништа.