Категории

Дали претерувате со диетата? – 5 јасни знаци дека сте заминале во екстремност

Основниот сигнал дека претерувате со диетата е ако ја нарушува вашата можност да уживате во животот и секојдневието, но кога веќе ќе го сфатите тоа, вашето здравје може да биде сериозно нарушено па поради тоа обрнете внимение на овие 5 предупредувачки сигнали.

1.Храната автоматски ја препознавате како добра или лоша
Селекцијата ја правите врз темел на содржаните маснотии, шеќери, рафинирани масла, додатоци, ароми и не јадите ништо од тоа кое ви делува „лошо“.

2.Откажувате средби и дружби за да не го пропуштите терминот во фитнес центар
Ако поради теретаната ги пропуштате семејните собири, родендените, прославите, деловните вечери и сл. вашата опседнатост со фитнесот веќе ги нарушува вашите друштвени односи и со тоа вашиот живот.

3Лажете за она кое го јадете
Лажењето никогаш не е добар знак. Како што не е во ред да мамите додека сте на диета, така не е во ред свесно или потсвесно да ја преувеличувате количината на оброци и нивната калорична вредност.

4.Ја мерите вашата тежина секој ден, понекогаш и неколку пати во денот
Ексцесивното мерење на тежината е секогаш контрапродуктивно. Не само што вашата тежина варира во текот на денот па немате доверливи информации, туку е лошо самото по себе како и било која друга зависност.

5.Пријателите ве предупредуваат
Ако вашите пријатели или семејството ве предупредуваат дека претерувате, можеби би било време да побарате помош од неутрален стручњак, било да се работи за лекар или нутриционист – некој професионалец за кој ќе знаете дека нема да ве поддржи поради вашиот личен интерес.

Прегледи:
488
Објавено на:
07.07.2020