Категории

Дали се сакате себеси? 7 нешта кои мора да ги знаете!

Љубовта кон себе е многу важна ако не и поважна од љубовта кон другите. Ако не се сакате себеси, тогаш мали се шансите дека ќе можете вистински да ги сакате и другите. Сепак, како да знаете дали се сакате себеси? Тоа не е само да се ставите себе на прво место, тоа е многу покомплексно. Еве како да препознаете.

Тој што се сака себеси е подготвен да се промени.
Тој што се сака себеси нема да се самокритикува, но ќе го прифати фактот дека тој не е совршен и никогаш нема да биде.
Тој што се сака себеси нема да се самоповреди за да им угоди на другите.
Тој што се сака, со еднаква леснотија ќе рече „НЕ“, како и „ДА“.
Тој што се сака себеси никогаш нема да биде жртва.
Тој што се сака себеси, ќе им даде слобода на другите, затоа што тој ја сака за себе и така ќе им даде на другите право да ја имаат.
Тој што се сака себеси не се согласува на манипулација. Не може да се манипулира како со лица кои сакаат да им угодуваат на другите.

Ова се причините зошто луѓето кои се сакаат себеси ги нарекуваат „тешки“. И повторно, не е важно за личноста која се сака себеси, затоа што тие знаат кои се. И тој знае дека кога ќе се сретне со оние што се сакаат, веднаш ќе се препознаат.

И со оние другите никогаш нема да се расправаат, но ќе продолжат да бидат пример за тоа колку е здраво да се сакаш себе си. Бидејќи човекот кој се сака знае дека ако се изгуби себеси, го загубил животот.