Категории

Дали сте алергични на убодот од комарец?

Комарците се синоним на летото. Додека на многумина само им пречат, некои луѓе имаат алергиска реакција од нивниот убод.

Стручните лица напоменуваат дека контактот со комарец мора да трае најмалку 6 секунди за да има реакција.
„Не знаете каква реакција можете да имате, па затоа секогаш е добро да користите квалитетна заштита во природа“, предупредуваат докторите.
Носете облека со долги ракави, јадете храна која одбива инсекти-како што е белиот лук, користете квалитетни репеленти, употребата на парфеми сведете ја на минимум и држете се подалеку од места кои се рај за комарците.
Повеќето „алергиски“ реакции од убодот од комарец всушност не се алергии.
За повеќето луѓе, убодот од комарец знаци црвенило и чешање. Нормална реакција од убодот од комарец вклучува црвенило и чешање, се јавува неколку минути по убодот и може да се задржи до 10 дена.
„Посилни симптоми, како меуричиња на кожата и силен оток укажуваат на поголема локална реакција позната како уртикарија. Кога луѓето велат дека се алергични на убод од комарец или некој друг инсект, најчесто се работи за силна локална реакција “- објаснуваат докторите.
За да се постави дијагноза, докторот ќе ги ислуша вашите симптоми, но не постои тест за откривање на алергија на убод од комарец.


Лекувањето зависи од тоа како симптомите влијаат на вас. Ако немате видливи пречки, нема потреба за лекување. Меѓутоа, ако убодот од комарец ви предизвикува проблеми како што се отечени очни капаци или ако симптомите се непријатни и склони сте кон прилично тешки реакции, докторот може да се одлучи за терапија со антихистаминици. Тоа може да помогне при отокот и може да го намали ризикот од развој на реакција. Во случај на сериозна системска реакција, докторот може да ви препише инјекција која содржи адреналин, но тоа се прави во многу ретки случаеви.

Внимавајте на сериозните симптоми
Редок облик на алергија од убод од комаред е системската реакција која се јавува на целото тело. Овој вид на реакција е многу почеста кај другите инсекти како што се пчелите и осите, но ако почувствувате било кој од следните симптоми по убодот од комарец, посоветувајте се со лекар:

Исип
Брзо појавување на бледо црвен исип кој чеша, а се појавува во подрачјето на убод или по целото тело може да укажува на алергиска реакција.

Отечени усни, оток во усната шуплина или грлото
Било какво отекување во наведените подрачја може да биде знак за сериозна алергиска реакција.

Мачнина
Ако почувствувате ненадејна мачнина, ако се почувствувате како пред разболување после убодот, тоа може да биде уште еден симптом на сериозна реакција.

Вртоглавица
Вртоглавицата може да укажува на системска алергиска реакција.

Зголемена телесна температура
Тоа е знак дека вашето тело се бори против алергија.

Главоболка
Силна главоболка која одеднаш се појавила може да значи дека имате алергиска реакција.