Категории

Дали сте меѓу нив? Жените кои се добри во кревет секогаш ги прават овие 3 нешта

Секоја жена треба да внимава на овие три нешта за да се чувствува самоуверена во спалната соба. Токму на овие три нешта внимаваат жените со фантастичен сексуален живот.

Тие се грижат за својата коса

Верувале или не, но грижата за изгледот и квалитетот на косата многу влијае врз сексуалниот живот. Тоа ја подига самодовербата бидејќи жената се чувствува женствено, поубаво и е пострастна. Неодамнешна студија покажала дека една од три жени откажува состанок со маж доколку не е задоволна од својата коса.

Во општеството се сметаат за поубави и попоскувани жени оние кои имаат сјајна и густа коса, чиста кожа и посветли очи, бидејќи тоа се знаци на репродуктивно здравје. Тоа покажува дека жената е здрава.

Му кажуваат на партнерот што сакаат

Многумина не ги познаваат добро женските гениталии, па ни самите жени. Би се шокирале доколку знаете колку жени не знаат каде е нивниот клиторис. Затоа, секоја жена треба да земе огледало и да се запознае со својата вагина. Потоа преку допири да обрне внимание како се чувствува и што и се допаѓа најмногу. Исклучително е важен секој центиметар од вашето тело. Кога знаете повеќе за себе, ќе можете да знаете и што ве возбудува. Потоа, точно ќе знаете да му кажете на вашиот партнер како и каде да ве допира. Тоа е дефинитивно интимен момент.

Тие ја преземаат контролата врз својот оргазам

Мажите честопати добиваат сексуално образование преку порнографијата. Тоа е жалосно, но вистинито. Тоа значи дека понекогаш имаат искривена перцепција за тоа што ја возбудува жената. За да биде уште полошо, многу жени не кажуваат што сакаат, а што не во текот на сексот.

Глумењето оргазам повеќе му штети на односот отколку што го подобрува. Жените кои никогаш не доживеале оргазам најчесто велат дека тоа ќе се случи кога ќе го запознаат вистинкиот маж. Но, тоа не функционира така. Постигнувањето на сопствениот оргазам е нешто за кое секоја жена треба да се погрижи. Бидејќи многу од нив не можат да постигнат кулминација во пенетрацијата, постојат и други опции. Сексуалните играчки се наједноставната опција.

Прегледи:
587
Објавено на:
29.08.2018