Љубителите на новогодишната атмосфера и целата еуфорија која владее за купување на нови парчиња гардероба и новогодишни подароци следните три дена (23/24/25 декември) ќе добијат можност да купуваат по неверојатно високи попусти во Рамстор Мол.
Ве покануваме последниот викенд од годинава да бидете дел од предновогодишното лудило и најголемата распродажба до сега.
Во петок (23ти декември) купувајте од вашите омилени брендови по многу ниски цени и тоа до полноќ (00:00 часот). Неверојатен новогодишен шопинг, надополнет со музички бендови, најголема латино забава со извонредни танчери со почеток во 20:00 часот и многу подароци кои ќе се доделуваат од 22:00 до 00:00 часот за сите посетители кои ќе направат сметка над 2000 денари. Попустите и забавата продолжуваат и викендот, 24 и 25ти декември кои ќе ја направат атмосферата магична, еуфорична и привлечна за сите посетители.
Погледнете ја продажната изложба на ракотворби на новогодишниот базар, додека вашите најмали во сабота, 24ти декември од 14.00 часот ќе можат да се фотографираат со Дедо мраз и првите 100 дечиња да си добијат новогодишно пакетче. На репертоарот на Ramstore Mall за овој викенд се најдоа и детските едукативни работилници со Браинобраин, многу музика и танцување.
Со оглед на програмата која ја нуди трговскиот овој месец и енормно големите попусти најавени за претстојниот викенд нема сомневање дека не очекуваа најголемата шопинг манија за месец декември во земјата. Предновогодишното лудило во Рамстор Мол.