Категории

Дали сте зависни од драмата во вашата врска?

Повеќето се запознаени со зависности од алкохол, секс, работа и интернет. Меѓутоа, најмалку внимание се посветува на зависноста од драмата, која се манифестира во многу врски и односи. Иако драмата е една од категориите на филмската и театарската продукција, во односите ова се однесува на повторлива, нефункционална потреба на исклучително силни, несакани емоции, најчесто неразумни.

Луѓето често ја мешаат драмата со љубовта. Многумина, за жал, веруваат дека интензивните конфликти се израз на голема и длабока љубов, што е голема грешка. Зависноста од драмата е поддржана и ценета од страна на медиумите, поради што драмата стана синоним за љубов за голем број луѓе. Овој приказ на љубов е популарен во филмовите, а обично вклучува лажење, прељуба, конфликт и генерално повисок степен на дисфункција отколку во реалниот живот. Таквиот приказ на “љубовта” луѓето ги поврзува со деструктивните модели – драматичното однесување кое станува нивна реалност.

 

Драматизација во односите е израз на непознавање на одредени животни поставки. Прво е одраз на несвесноста на вистинските причини за таквото однесување, а потоа и проекција на тоа однесување на партнерот. Кога партнерите би биле свесни за нивното однесување и причините, тогаш би имале можност да ги развијат и надминат своите слабости, наместо да ги продлабочуваат нерешените конфликти.

Важно е да ја разберете разликата помеѓу драмата и љубовта. Вистинската љубов не е постојано “наелектризирано” чувство, туку серија на повторувачки дејства на разбирање, прифаќање и промени (ако е потребно). Резултатот на ова е силна, длабока и реципрочна врска во која вистински можете да ја дадете и да ја примите љубовта кон која стремите.

Прегледи:
467
Објавено на:
15.12.2018