Категории

Дали тој ве користи за да ја преболи разделбата со бившата партнерка?

Мажите се особено подложни на „скокнување“ во нова врска веднаш после завршувањето на претходната. Машката гордост е општо познат факт кој не дозволува никој да забележи дека се во фаза на лутина и соочување со прекинатата врска. Тие сакаат да им покажат на сите околу себе особено на својата бивша дека ја преболеле.

Единственото нешто потешко од раскинувањето е преболувањето на разделбата. Во периодот после завршувањето на врската секој од нас се чувствува поинаку, во најмала рака чудно, празно и осамено. Измешаните чувства, вината, лутината, разочарувањето, се е тука. Не е ни чудно што во таков период не размислуваме јасно и не сме во состојба да се занимаваме со чувствата. Уште полошо е ако така ранливи започнеме нова врска.

За жал тоа е чест избор на голем број од луѓето. Влетувањето во нова врска прерано  надевајќи се дека на тој начин ќе ја заборавиме претходната. Мажите се особено подложни на „скокнување“ во нова врска веднаш после завршувањето на претходната. Машката гордост е општо познат факт кој не дозволува никој да забележи дека се во фаза на лутина и соочување со прекинатата врска. Тие сакаат да им покажат на сите околу себе особено на својата бивша дека ја преболеле.

Тие не сфаќаат дека во тој миг всушност се лажат самите себеси и непотребно ја повредуваат личноста која можеби е вистински подготвена да им се посвети но дошла премногу рано.
Овие јасни знаци докажуваат дека тој ве користи за полесно да го преболи раскинувањето.

Ви кажал дека претрпел болно раскинување
Доколку ви го кажал само ова и ништо повеќе, знајте дека сеуште не се помирил со фактот дека е готово. Ако му е тешко да го проживее доживеаното и да ви ги раскаже причините за разделбата, значи дека целата ситуација сеуште го допира а тоа е токсично за вашиот однос. Ако има неразјаснети чувства, значи дека љубовта сеуште е присутна.

Започнал врска со вас неколку дена после раскинувањето
Ако ви признал дека доживеал груба разделба и дека врската завршина пред само неколку денови, не е возможно веќе толку брзо да успеал да ја преболи својата бивша девојка. Дури и ако тој е оној кој ја завршил целата приказна, во секој случај е потребно време за нештата да слегнат и чувствата да се искристализираат. Ако пребрзо започне врска со вас, веројатно дека со себе носи доза на огорченост а тоа остава отворени многу прашања.

Премногу е воодушевен од врската со вас
Ако тој настојува да го поминува секој слободен миг со вас, тоа не значи дека тој е заљубен во вас, туку дека се плаши од своите чувства кои би можеле да испливаат на површина кога ќе остане сам со нив. Ако ве опсипува со пораки константно, го планира гледањето неколку денови однапред и сл. тој во суштина се обидува да се убеди самиот себеси дека ја преболел минатата врска.

Постојано ја споменува бившата партнерка
Секогаш кога одите во некој ресторан кој го посетувал и со неа, или додека на тв ја гледате сериајта која ја гледале заедно, или му го подготвувате омиленото јадење кое и таа му го подготвувала, тој не пропушта можност да ја спомене, а тоа е јасен знак дека тој сеуште не раскрстил со своите чувства. Неминовно е дека нештата ќе се поклопуваат и дека тој ќе оди и со вас на места кои ги посетувал и со неа, но ако вие сте само сенка која го следи додека тој ги повторува сцените од минатото со неа, тоа не е пат кон здрава врска.

Ве споредува со неа
Ако вашиот партнер постојано ве споредува со својата бивша партнерка, било поради нешто што сте му го кажале, направиле или облекле, знајте дека таа му е постојано во мислите и дека тој всушност ја бара неа во вас. Со тек на време и самите ќе почнете да се споредувате себеси со неа, било да ја познавате или не. Прво тоа ќе биде обид да бидете подобри од неа, а на крај ќе се задоволите со тоа да ја имитирате со цел да му се допаднете нему.

Прегледи:
761
Објавено на:
17.09.2020