Категории

Дали тој ве сака? – Еве како да го тестирате мажот

Ако сакате на некој начин да го тестирате мажот и да се уверите колку тој всушност ве сака и дали воопшто се грижи за вас, најдобриот начин е да го посметате каков е пред вас додека е во своето друштво.

Наједноставниот одговор на рашањето колку ве сака е: Онолку колку што е љубезен спрема вас во своето друштво.

Морате да знаете дека и оние мажи кои со вас не сакаат ништо повеќе од попатна авантура ќе бидат љубезни спрема вас во четири ѕида или таму каде што никој не знае. Во приватноста на четирите ѕида секој може да биде љубезен. Меѓутоа, поважно е тоа како ве третира во јавност и уште поважно е како се однесува спрема вас во своето друштво.

Ако мажот не ве сака и не му е грижа за вас, сосема ретко ќе ве повика помеѓу други луѓе, обично ќе бира тивки и интимни места каде ќе бидете сами речиси секогаш, било да се работи за неговиот или вашиот дом, кино, излет во природа или одмор во непознати краеви и градови.

Секако, дел од ваквото однесување можете да препишете и на срамежливост, страв или збунетост, меѓутоа доколку вашиот партнер ве сака, никако нема да бира само сокриени места а кога ќе ве претстави на своето друштво секогаш ќе се однесува со љубезност спрема вас.

Ако во друштво на своите пријатели се шегува на ваша сметка или во друштво на своите пријатели обрнува повеќе внимание на нив отколку на вас, тоа не е добар знак.
Знак е дека не му е грижа онолку колку што мислите или барем се надевате. Ако излегува со вас во клубови но цела вечер кокетира со други девојки, често знае да се изгуби и неговите одења во тоалет траат предолго, веројатно се работи за тоа дека нема со кого да излегува па му е потребно друштво а вас ве претставува како пријателка или роднина.

Ако некој ве сака ќе внимава да не ги повреди вашите чувства, ќе се потруди да не ве доведува во непријатна ситуација никогаш, па така ни во присуство на своето друштво.

Прегледи:
3505
Објавено на:
21.11.2020