Категории

Дали вашето куче треба да јаде месо, морков или овес?

На пазарот денес има специјализирана храна за кучиња, па многу од луѓето кои чуваат кучиња нивната исхрана ја сведуваат само на специјализираната храна. Но што се е потребно кучето да конзумира?

Ова е храна која ја јаде човекот, но е здрава и препорачлива за кучињата.

 

  1. Месо за енергија

На кучињата им е потребно месо, бидејќи главно преку протеинот добиваат енергија. Чистото, не масно месо како пилешко, свинско или телешко ги снабдува со потребите Б витамини и амино киселини кои им се потребни за потикнување на метаболизмот.

2. Лосос и туна за сјајно крзно и здрав имунолошки систем

Масните риби како лосос и туна се одличен извор на омега 3 масни киселини, што е одличо за нивното крзно, работата на мозокот и нивниот имунолошки систем.

3. Црн дроб 

Ги храни со витамин А, Б и К и содржи повеќе хранливи материи и витамини кои му се потребни на кучето за разлика од мускулното месо. Сепак, бидете внимателни и давајте им помали количини, бидејќи витаминот А во поголеми количини е штетен за кучињата, па мали порции се идеални.

4. Овес за подобра дигестија 

Одличен извор на растителни влакна кои ја подобруваат дигестијата и им прави да се чувствуваат лесно и пријатно. Се препорачуваат за постари кучиња, но внимавајте да го оладите овесот пред да му го послужите на вашето куче.

5. Магданос за свеж здив

Неколку лажички свежо исецкан магданос додадете во храната на вашето куче. Покрај тоа што го подобрува здивот, исто така е богат извор на калциум и калиум.

6. Грашак 

Калиумот е важен минерал за целокупното здравје на кучиња исто како што е кај луѓето. Грашакот е исто така богат со фосфор и витамин Б. Едноставно додадете една шака грашак во чинијата на вашето куче/

7. Моркови 

Одлична храна за вашето куче бидејќи се добар извор на витамини, но нивната тврдост и крцкавост ги прави одлични за забите на вашето куче. Ги чистат и помагаат да одржување на оралното здравје на кучињата.

8. Алги нори

Нори се сушена морски алги, а се користат за виткање на суши. Одлична е за метаболизмот, а богата е со растителни влакна, витамини Ц и Е.

9 Јогурт и урда

Млечните производи се идеален извор на калциум, а покрај тоа што се одлични за коските и забите, јогуртот и кефирот имаат пробиотски својства. Само внимавајте и избегнете ги оние со овошје и засладувачи, а во изборот на урда или сирење, одберете со ниски масти.

10. Кокосово масло за протеин, имунитет и здравје на кожата

Како што е кокосот и неговото масло одличен за вас, така е и за кучињата. Незасладени кокосови трошки можат да бидат додадени на оброкот на кучето, а маслото е одлично за кожата и крзното, заради антибактериски и антивирусни својства.

Прегледи:
2926
Објавено на:
19.06.2017