Категории

Дали вашето пријателство е токсично?

Луѓето се менуваат и со текот на времето, пријателството може да прерасне во нешто друго – во токсично пријателство. Се надеваме дека немате такви луѓе околу себе, но ако се сомневате дека имате, еве како да ги препознаете.

 

1.Вашиот пријател/пријателка не се радува поради вашиот успех
Кога е во прашање токсичен пријател и кога ќе му соопштите дека во нешто сте успеале, неговата реакција веднаш ќе биде таква што ќе ја проени темата и ќе се пожали на својот неуспех. На пример „Ете, ти победи на тој натпревар, јас никогаш не би успеал во тоа“. Тоа значи дека не се радува за добрите нешта кои ви се случуваат, и сака кога сте во неволја.
Со текот на времето, ако покрај себе имате ваков „пријател“,ќе почнете да чувствувате грижа на совест поради вашите успеси.

2.Љубоморен/на е на вас
Постојат безброј случаеви кога пријателот е љубоморен на пријателот за тоа што има девојка (а другиот нема) или кога е пријателката љубоморна на својата пријателка поради нејзиниот дечко. Тогаш тој кој е „трето тркало“ сака секаде да доаѓа со вас и се лути кога не го викате или случајно сте отишле некаде без него.

3.Разговорите ве исцрпуваат
Многу често забележуваме дека после разговорот со некој пријател сме уморни и исцрпени, дури и се случува да имаме и главоболка. Психологот Сузан Хатлер вели дека причината за тоа е психоматска. Со други зборови, сите системи во телото се поврзани со емоционалната непријатност поради која почнуваме да чувствуваме физички симптоми.

 

4.Понекогаш морате да криете нешто од нив
Промената на интересите, негативните искуства или некои нејасни чувства доведуваат до тоа да се одлучите да премолчувате некои нешта од вашиот пријател, иако тоа порано не сте го правеле.
Доколку почнете да премолчувате чувства, проблеми и нешта кои ви се случуваат, наскоро ќе сфатите дека немате за што да разговарате.

5.Ви се јавува во било која доба од денот и бара да го слушате
Постојат некои животни ситуации кога во вашиот живот кога најважна поддршка ви е таа од пријателот и ви е потребна повеќе од било чија, а токсичните пријатели тоа го злоупотребуваат. Можеби вашиот токсичен пријател ви се јавува насред ноќ и бара да го слушате и се лути ако го одбиете. Поддршката е доста важна за блиските пријателства, но вие не сте ничиј психотерапевт или рамо за плачаење.

6.Своите доблести ги истакнува прекува вашите маани
Не постои ништо полошо од луѓе кои мораат да ги истакнуваат туѓите маани, како би ги покажале своите доблести. А посебно ако таквите луѓе ви се претставуваат како пријатели.
Најчесто се работи за личности на кои им недостига самодоверба и на овој начин се обидуваат да го прикријат тоа. Сепак, тоа никако не ги оправдува и можно е со текот на времето и вие да ја изгубите самодовербата доколку постојано сте опкружени со такви луѓе.

7.Ве копира во се
Можеби тоа го прави свесно или несвесно, но многу е веројатно да нема лоша намера, само веројатно му се допаѓате и сака да биде како вас. Затоа го имитира вашето одење, зборување, начин на облекување а кога зборувате со него ги слушате сопствените зборови и идеи.

8.Се обидува да биде подобар од вас во се
Кога ќе му кажете дека сте купиле некои чевли на попуст, тој/таа се фали дека купил некои скапоцени. Секогаш се труди да биде подобар од вас па пријателството најчесто станува такмичење.

Прегледи:
681
Објавено на:
17.10.2019