Категории

Дали зборувате самите со себе си? Еве што вели науката за тоа

Сите ние сме се нашле во ситуација да разговараме самите со себе си. Само што некои тоа го прават многу почесто за разлика од останатите.

И тоа не само во приватноста на својот дом, туку и додека купуваат или се движат по улица.

Гласното размислување всушност ни помага да го материјализираме сето она за коешто и размислуваме. Исто така ни помага да најдеме смисла во “купот” од надојдени мисли. И сето тоа е навистина одлично, но знаеме и за еден мал проблем – кога разговараме на глас самите со себе си, делува како да сме помалку и луди, зарем не?

Меѓутоа, се испоставило дека сето тоа е погрешно. Зборувањето самиот со себе си е знак за генијалност, пренесува порталот BrightSide. Сепак, треба да се има предвид дека тоа зборување се разликува од расправањето самиот со себе си, викањето или зборувањето со некоја трета личност.

Во една студија, психолозите Daniel Swigley и Gary Lupyan поставиле хипотеза дека зборувањето самиот со себе си е всушност благотворно. Ако размислиме малку повеќе во врска со тоа, очигледно е дека има смисла. Погледнете ги само монолозите коишто ги воделе најголемите мислители. Погледнете во поезијата, или во историјата. Алберт Ајнштајн често на себе си, си ги повторувал своите реченици.

Во еден експеримент, овие научници на дваесетина луѓе им дале име на објект (на пример, векна леб или јаболко), којшто требало да го пронајдат во супермаркетот. Во текот на првиот сет од потрагата, учесниците морале да молчат. Во вториот сет пак, можеле да го повторуват името на објектот на глас, додека барале низ супераркетот.

И веројатно погодувате, оние коишто можеле да говорат на глас во супермаркетот, полесно ги пронаоѓале објектите. Кога нешто кажуваме на глас, тоа го освежува помнењето. Односно прави нештата да бидат “допирливи”. Исто така, кога говорите гласно, тоа ви помага полесно да ги пронајдете предметите, но само ако знаете што точно барате, односно кога сте запознаени со изгледот на тој предмет. На пример, кога ќе кажете банана, знаете дека е со жолта боја и одреден облик, и со тоа да ги активирате визуелните својства во мозокот, што ќе ви помогне за побрзо да го пронајдете она што ви е потребно.

Кога зборуваме самите со себе си, тоа ни помага да ги организираме безбројните мисли коишто “дивеат” во нашите глави. А кога ќе го вокализираме прашањето, тоа може да ги смири нашите нерви. Според психолозите, изговорувето на една реченица на глас, ни помага да им дадеме валидност на важните и тешки одлуки, односно тоа ни помага да ги разјасниме своите мисли, да го издвоиме она што е важно и да донесеме конечна одлука.

Всушност, еден од најдобрите начини за да се разреши некој проблем, е за истиот да се изговори на глас. Па, зошто тогаш не го правиме тоа почесто?

Кога зборуваме самите со себе си, тоа ни помага да ги достигнеме своите цели. Како што потенцираат психолозите – кога ги изговорувате своите цели на глас, го фокусирате вниманието, правите пораката да биде појасна и ги контролирате емоциите.

И конечно, кога говорите самите со себе си, тоа значи дека сте самостојни. Како и генијалецот Алберт Ајнштајн, луѓето коишто говорат самите со себе си, се исклучително вешти и може само да си го “пресметаат” сето она што им е потребно.

Прегледи:
579
Категории:
Занимливости
Објавено на:
11.02.2016