Категории

Дали жените имаат превисоки очекувања од потенцијалните партнери?

„Дали е страшно да се остане сам?“
Што значи тоа да се „остане сам“? Како проценуваме дека некој „останал сам“? За која старосна доба ја врзруваме помалата веројатност да се пронајде партнер?

Женските генерации во времето на нашите баби во просек се мажеле и раѓале деца доста млади.
Во нивно време не се верувало или воопшто не можело да се чуе дека девојката или момчето не можат да пронајдат партнер или партнерка. Тогаш бракот неретко бил и договаран.

Младите жени и мажи не стигнувале нити да размислат дали сакаат брак и деца, туку го живееле животот онака како што треба, се мора и единствено се знае. Животот им се случува, што денес воопшто не е случај.

Подоцна се случила оштествена (р)еволуција, со сите свои добри страни и понекоја лоша. Така денес луѓето се образоваат, се надградуваат себеси и вложуваат во себе многу повеќе отколку што можеле нашите баби и дедовци. И тоа е добро, но со себе повлекува и одредени нешта кои погрешно можат да се оценат како негативни.

Денес често се вели дека жените имаат премногу високи и нереални очекувања од мажите, што е  е зачудувачко.
Се вели дека тој маж треба да биде згоден, чувствителен, но и мачо, романтичен но и практичен, духовит, образован, способен и внимателен. И секако ситуиран.

Да ги оставиме настрана последниот критериум – духовитост. Значи дека жената треба да бара маж кој не изгледа добро или изгледа лошо, не е чувствителен, романтичен а нити практичен, необразован е и неспособен и невнимателен? Тоа би било „нормално“ и  „реално“?

Дали е во ред критикувањето на стандардите и очекувањето при пронаоѓање на партнер и откажувањето од себе да се прифати нешто помалку и незадоволувачко? Дали некој има право да ви зборува што би требало да правите, барате и што е доволно добро за вас?
Голем дел од овие ставови и совети присутни во јавноста во врска со оваа тема, всушност можат повеќе да ви одмогнат отколку помогнат.

Денес луѓето се свесни за себеси и своите потреби. Денес се вложува во заедничкиот живот и пред бракот, бракот не значи задолжително добивање на деца, се живее брачно и без потпишување на документи, што во некогашно време било незамисливо, но, некогашните времиња биле некогаш, а денес времето е денешно.

Денес оние кои вложуваат во себе и работат на себеси бараат исто и очекуваат исто од потенцијалните партнери. А тоа не е ммногу, туку исто, еднакво и во склад со себе и она што се нуди.

Порано на мажите и жените им било поважно што ќе кажат и мислат другите, па во склад со тоа постапувале и ги живееле своите животи. Трпеле за да ги „сочуваат“ своите бракови по секоја цена затоа било срамота да се разведат и да го „растурат“ семејството, како дисфункционалноста да не го „растурила“. Денес, луѓето не трпат, за среќа. Се залагаат за себеси и своето добро и не вложуваат во формата туку во суштината.

„Дали е страшно да се остане сам?“
Што значи тоа да се „остане сам“? Како проценуваме дека некој „останал сам“? За која старосна доба ја врзруваме помалата веројатност да се пронајде партнер?

Да се „остане сам“ звучи дефинитивно, крајно, непроменливо, а всушност веќе од денес може да биде поинаку. Секако, под претпоставка дека сте сами а не сакате повееќе да бидете. Но ако сакате, се додека сакате, во ред е. Во ред е се што сакате и со се што се спокојни и задоволни.
Било да е овој или оној критериум или желби при барањето и изборот на партнер, или потребата да бидете сами.