Категории

Дали знаеме што е среќа? Прекрасни мисли за среќата

Постои ли дефиниција која го опишува најубавото чувство кое не обзема? Дали среќата има подеднакво значење за сите нас? За некого среќата се мери по финансиската состојба, за некого среќата е одредена личност, мирис, сеќавање, убав збор.

Како и да е, едно е сигурно – не постојат калкулации во среќата. За да бидеш среќен треба да се препуштиш, а понекогаш и да ризикуваш. Ова се некои од најубавите мисли за среќата:

„За секоја минута помината во лутина, губите шеесет секунди среќа.“ – Ралф Емерсон

„Љубовта е состојба каде што среќата на другата личност е неопходна за да бидете и вие среќни.“ – Роберт Хајнлајн

„Луѓето најчесто се среќни онолку колку што ќе одлучат да бидат.“ – Абрахам Линколн

„Миговите во кои сте уживале, не претставуваат залудно потрошено време.“ – Марта Троли

„Среќа е кога она што го мислите, она што го кажувате и она што го правите се во совршена хармонија.“ – Махатма Ганди

„Интелигентни луѓе кои се среќни, е најретката категорија на луѓе што ја познавам.“ – Ернест Хемингвеј

„Никогаш нема да бидете среќни доколку се трудите да сфатите што е среќа. Никогаш нема да живеете доколку се трудите да ја сфатите смислата на животот“. – Алберт Ками

„Среќата не е нешто однапред создадено. Среќата се создава преку вашите дела.“ – Далај Лама

„Сметајте ја својата возраст по бројот на пријатели, не по годините. Сметајте го животот по бројот на насмевки, не по солзите.“- Џон Ленон

„Велат дека на човекот му се потребни само три работи за да биде среќен: причина да сака, да работи и да се надева.“ – Том Бодет

„Не можете да се заштитите себеси од тага, доколку не се заштитите од среќа.“ – Лорен Оливер

„Да се биде разумен и среќен истовремено е невозможна комбинација.“ – Марк Твејн

„Среќа е да имате големо прекрасно семејство во друг град.“ – Џорџ Брнс

Прегледи:
4461
Објавено на:
16.01.2018