Категории

Дали знаете дека…? Интересни факти кои ќе ве зачудат!

Во продолжение прочитајте некои занимливости, статистики и бројки за кои сигурно не сте биле свесни дека е возможно да бидат реални!

1. Половина од светската популација заработува околу 5% од глобалното богатство?

2. Во 1926 година во светот имало само 100 телевизори?

3. Три четвртини од уловените риби се користат за исхрана, а остатокот е наменет за производство на сапуни, лепак, маргарин и ѓубриво?

4. На Алјаска дозволено е убивање на мечки, но нивно будење за фотографирање е забрането?

5. Невозможно е да кивнете со отворени очи?

6. За еден килограм мед пчелите мора да посетат 4 милиони цветови и да поминат пат 4 пати подолг од земјениот обем?

7. Звукот патува три пати побрзо преку вода отколку преку воздух?

8. Ако би наредиле милион долари во банкноти од еден долар би достигнале висина од 110 метри и тежина од еден тон?

9. Урината на мачките свети под црно светло?

10. Краватата е изум кој потекнува од Хрватска?

11. Лубеницата е зеленчук, а доматот овошје?

12. Во Франција на пет годишните деца им е дозволено да купат алкохолен пијалок во кафич?

13. Поради недостаток на метали во Втората светска војна биле доделувани дрвени оскари?

14. Првите 4 потези во шах можете да ги изиграте на 318.979.564.000 начини?

15. Првата бомба која паднала во Берлин за време на Втората светска војна убила слон во зоолошка градина?

16. Венера е единствената планета која ротира во правецот на стрелките на часовникот?

17. По стариот закон во Вашингтон на жените им било забрането да направат повеќе од 3 чекори наназад додека танцуваат?