Категории

Дали знаете зошто бензинот ни мириса примамливо?

Мирисот на бензин има анестетички ефект на мозокот, па ни се чини дека во истиот миг кога ќе го почувствуваме, сме во состојба на еуфорија

Не само што не е здраво да се вдишува мирисот на бензинот, туку е непристојно да се каже дека тој не смрди, туку всушност – мириса примамливо. Но вистината е таа дека секоја трета личност, посред едно канадско истражување, позитивно реагира на него, иако е свесна дека е токсичен.
Но зошто е тоа така?

Стручњаците од Квебек кои работеа на истражувањето велат дека мирисот на бензин има анестетички ефект на мозокот, па ни се чини дека во мигот кога ќе почувствуваме, сме во состојба на еуфорија.
Забораваме на грижите и како да паѓаме во некој психолошки транс. Тоа е одговор на прашањето зошто несвесно, додека стоиме на бензинска пумпа и чекаме да ни наточат гориво, ги шириме ноздрите и вдишуваме, па повторно се додека не вдишеме повеќе.

Додека повеќето го критикуваат тоа, неврологот др. Алан Хирш вели дека доколку го правиме тоа повремено, не е штетно. А може и привремено да не опушти.

„Психолошкото влијание кое мирисот на бензинот го има не е исклучено, како што многумина објаснуваат потсетува на безгрижните денови на детството и летните семејни патувања. Како и останатите мириси, така и тој може да евоцира убави спомени или емоции, па повремено не одведува од реалноста во која моментално не ни е така пријатно.“ – вели тој.

Прегледи:
654
Објавено на:
03.06.2020