Категории

Дали знаете зошто февруари има 28 денови?

Старите Римјани тешко се справувале со календарите кои се обидувале да ги направат, а за нашот денешен календар заслужен е Јулиј Цезар. Сепак, престапните години не можел да ги избегне. 

Се започнало со старите Римјани, попрецизно иницијатор на сето тоа бил првиот крал Ромул, кој направил календар кој имал само десет месеци. Годината започнувала во март, а завршувала во декември. Јануари и февруари не постоеле. Зимата за нив не била важна бидејќи нивното богатство се темелело на садењето и жетвата.

Со доаѓањето на вториот римски крал Нума Помпилеј околу 750 година п.н.е, одлучиле да додадат уште два месеци за да ги синхронизираат со дванаесетте лунарни циклуси. Тоа биле јануари и февруари, а секој од нив имал по 28 денови. Тогаш, кралот одлучил да додаде уште еден ден во јануари за годината да има 355 денови. Меѓутоа и овој календар имал свои недостатоци.

Тоа функционирало добро неколку години, но набргу сезоните не биле во склоп со своите типични месеци, односно годишни времиња. За да го поправат тоа, Римјаните додале уште еден месец – Мерцедониус – кој го вметнувале во календарот на неколку години, по 23 февруари. Тоа прераснало во ноќна мора, бидејќи таков календар било навистина тешко да се следи.

Потоа, Јулиј Цезар во 45 година п.н.е ги презел работите во свои раце. Ангажирал стручно лице да направи календар по пример на египетскиот. Во календарот додале десет денови и по еден дополнителен ден на секои четири години во февруари. Таквиот календар се задржал се до денес и затоа февруари има 28 денови, односно 29 на секоја престапна година.

Прегледи:
483
Објавено на:
07.02.2022