Сите знаеме дека човекот ја има единствената можност да зборува. На целиот животински свет му е одземена таа особина. Но, дали знаете дека мајумуните ги делат само две аминокиселини од можноста за говор?
Тие аминокиселини се темел за создавање на протеини. Протеините на генот FOXP2 биле цел на истражувањето. Тие управуваат со низа други гени кои влијаат на говорот и се состојат од стотина аминокиселини, а од нив само две аминокиселини се разликуваат кај човекот во однос на мајмуните. Научниците тврдат дека откриле гени чие делување се разликува заради мутацијата токму на тие две аминокиселини, вклучувајќи и некои гени, чие дејство е од суштинско значење за централниот нервен систем.
Досегашните испитувања укажуваат на тоа дека променетиот ген се разликува кај човекот и кај мајмуните заради овие две аминокиселини и тој ја прави разликата во можноста за говор. Сепак, ова истражување е само експериментален приказ на таа разлика.