Категории

Дами, бидете внимателни: Со овие 3 особини ги одбивате мажите од себе!

Во анкетата спроведена на мажи на возраст од 25 до 45 години, припадниците на посилниот пол издвоиле три женски особини кои воопшто не ги сакаат.

1. Трачеви за туѓите животи

Мажот на кој сте му се допаднале сака да знае сѐ за вас, но никако не го интересираат приказните за животите на вашите пријателки или колеги. Некој безопасен трач одвреме навреме може да му се случи на секого, но кога секоја ваша реченица е посветена на туѓите животи, имате особина која не ја сака ниту еден маж.

2. Грубост и нељубезност

Жените не се единствените кои забележуваат како нивниот партнер се однесува кон келнерите или во продавниците. Грубоста и негативноста не се добри особини и тоа ќе остане во главата на секој маж.

3. Материјализам

Финансиската сигурност на многу жени им претставува многу важен фактор кога бираат маж. Истражувањето покажало дека финансиски стабилните мажи се попривлечни за жените.

Без разлика дали припаѓате на оваа група жени или не, отвореното покажување на желбата за пари во почетокот на врската и во текот на запознавањето за мажите воопшто не е привлечно. Ако барате скапи подароци и отворено покажувате дека неговите финансиски гестови ви се многу важни, тоа во машката глава изгледа многу лошо.

Прегледи:
474
Објавено на:
14.02.2019