Категории

Дами внимавајте – Овие нешта докажуваат дека тој не е материјал за брак

Доколку не сакате да губите време залудно со некој – овие се знаците кои предупредуваат дека тој никако не е она кое го барате.

Немал сериозна врска претходно
Заљубен е и верува дека врската со вас е сериозна, ви кажува дека не бил подготвен за сериозна врска додека не ве запознал вам. Ако има 20 години тоа е во ред, но ако веќе со години не умее да разликува фасцинација од љубов, авантура од обврзување и длабочина од површност, тогаш тоа е алармантно. Тој е веројатно искрен затоа што го чувствува она што го чувствува. Но тој нема појма дека љубовта не ја сочинуваат само чувствата и дека на сериозната врска му е потребно повеќе – сериозност. Одлуки, решителност, дисциплина, волја за посветеност и тогаш кога чувствата не се романтични и страствени. Тој не е брачен материјал затоа што е во процес на стекнување на нови искуства.

Сечиј пријател
Овој тип има огромен круг на познаници и се чини дека е во пријателски односи со сите. Тој ги познава сите сопственици на ресторани, организатори на концерти и еден куп важни луѓе кои му обезбедуваат разни привилегии. Може да ви биде забавно и возбудливо со него кога ќе откриете дека тој е постојано во движење и дека бракот и семејството воопшто не го интересираат, освен како идеа дека еден ден ќе мора да се ожени. Нему му е потребна партнерка за забава, некоја која ќе се воодушевува на неговите гестови и ќе го следи во неговите акции, но не и некој кој ќе бара од него да се обврзи и да ја ограничи својата слобода.

Пасивно-агресивен тип
Со него е супер кога е тој задоволен. Но ако со нешто не е задоволен, ако нешто ви префрла, ако нешто го лути или вознемирува, тој се повлекува и дистанцира. Не се расправа но е студен и предизвикува чувства на вина кај вас. Неговиот ѕид се подигнува автоматски – или е секогаш присутен секогаш кога ќе удрите во него и не можете никако да го срушите. Тој нема доверба во вас, бега од блискост и дава само онолку колку што сака, само кога е расположен.

Тој е многу постар или помлад
Не е правило, но големата разлика во години е тешко премостлива препрека. Ако е многу помлад, тогаш допрва треба да доживее се што вие сте доживеале и вашата зрелост и искуство му влеваат доверба и почит, но не можете да одите против природата. Можете да стекнете убаво искуство, но на крајот сигурно ќе се разделите, затоа што немате исти цели и потреби.

Истото е и ако вие сте многу помлади – стариот партнер е интересен, фасцинантен, мудар и стабилен, но кога периодот на страсното обожавање ќе помине, ќе откриете дека вашата животна динамика е различна и ограничувачка.

Прегледи:
400
Објавено на:
14.06.2020