Категории

Дамите родени во овој хороскопски знак се вистински ледени кралици

Никој не може да им пркоси..

Наталната карта крие многу тајни и зборува многу за карактерот на личноста. На пример, од тоа како Венера е поставена во вашата натална карта зависи вашиот љубовен живот – дали ќе успеете да го запознаете Господинот Совршен или целиот живот ќе бирате погрешни мажи. Венера заедно со Месечината во астролошките карти ги претставуваат сите жени, мајки и девојки и целата женска генетика која е собрана во женската личност уште од самото раѓање.

Се работи за жената Шкорпија.
Таа е независна и не паѓа пред ничии колена. Храбро чекори и не се предава пред нити еден предизвик. Во љубовта таа секогаш прво внимава на сопствените чувства па потоа на другите. Ретко умее да се вљуби и тоа вистински. Секогаш го зборува тоа што го мисли и не умее да биде лицемерна или да глуми наклонетост кон некого доколку истата не ја чувствува.
Со пријателите е секогаш пријатна но држи дистанца бидејќи се плаши дека може да биде искористена или изиграна. На прво место и е сопствената среќа и нејзиното срце кое никако не сака да дозволи да биде скршено.