Категории

„Твоето лице звучи познато“: Даниел Кајмакоски е новата Тина Тарнер

Даниел Кајмакоски ја доби својата прва женска улога во „Твоето лице звучи познато“ и победи. 32-годишниот македонски пејач самоуверено го прифати предизвикот да ја имитира Тина Тарнер во новата епизода од српското шоу со хуманитарен карактер.

Тој изгледаше непрепознатливо и ја изведе „Golden eye“ од славната музичка ѕвезда за филм за Џејмс Бонд.

https://www.youtube.com/watch?v=40JoFerUYMQ

„Сè може да се случи кога маж е на штикли“ – се пошегува Даниел за српската телевизија.

„Кореографијата беше феноменална. Се потруди и секоја чест што успеа да го извлечеш од себе тој женски глас, тоа не е лесно“ – коментираше Владо Георгиев.

„Мајсторе беше одличен, пееш феноменално, кореографијата и сè што направивте сè беше фантастично, возбудливо. Фантастичен настап и пееш дечко феноменално“ – додаде Андрија Милошевиќ.

Освоените 1.000 евра Кајмакоски ќе ги донира за Кико, 12-годишно момче од Крушево кое едвај оди само, но не сакаше да зборува многу за неговиот хендикеп.

Кико неодамна му признал на Даниел дека собира пари за да може конечно да го види морето, па талентираниот пејач се надева дека со својата донација ќе му помогне да си ја оствари желбата и ќе им помогне на луѓето кои се грижат за него.

02

03

Во претходната емисија Кајмакоски го имитираше Бруно Марс

Прегледи:
590
Објавено на:
21.03.2016