Категории

Даниел Кајмаковски ја донесе донацијата на Александар и Мартина во Куманово

Многу ми е мило што можев да го запознаам семејството Додевски, емоциите се многу силни и почувствував голема радост што ми даде Господ прилика и јас да помогнам – рече Даниел Кајмакоски, кој денеска го посети семејството Додевски во Куманово, на кои им ги донираше парите од победата на  „Твоето лице звучи познато”.

Со солзи во очите, многу беше емотивна средба со болните дечиња кои не ја криеја радоста од посетата на Даниел Кајмакоски.

„Еден не може да помогне многу на сите, но сите можат да помогнат многу на еден” , рече Кајмакоски и упати апел до сите добри и хумани луѓе да помогнат на семејството Додевски.
Кајмаковски рече дека ќе направи се’ што може за да се обезбедат средства и да се помогне на самохраната мајк,а Јасмина Додевска.

Александар кој има седум години и неговата три години постара сестричка Мартина, боледуваат од цироза на црн дроб и потребни се 100 000 евра за да се направи трансплантација на црн дроб во Турција.

Даниел Кајмаковски по победата во шоуто „Твоето лице звучи познато“, за децата донираше 25 000 евра. Денеска им донесе голем подарок со многу љубов и желба за побрзо оздравување.

daniel2

daniel4

Прегледи:
548
Објавено на:
09.06.2016