Во втората епизода од новата сезона на „Твоето лице звучи познато“, Даниел Кајмакоски влезе во улога на Бруно Марс.
32-годишниот македонски пејач настапи прв на сцената и го изведе големиот хит „Uptown Funk“ на американската музичка ѕвезда.
„Според мене, Даниел е еден од најдобрите машки вокали на овие простори. Кореографијата беше феноменална. Направивте одлична атмосфера. Секоја чест“ – коментираше Ненад Кнежевиќ – Кнез, а и останатите членови на жирито не ги штедеа своите комплименти.
https://www.youtube.com/watch?v=065PP1vWFt4