Во финалната вечер на балканското шоу Твоето лице звучи познато, како победник беше крунисан Даниел Кајмакоски.
Изборот беше меѓу двата фаворита, Даниел и Никола Роквиќ, но фановите одлучија, Даниел е сепак победник. Тој освои чек од 25.000 евра кој го подари во хуманитарни цели, а неговиот избор е самохрана мајка која има две деца, кои боледуваат од иста болест.
Повика да се помогне на мајката, бидејќи потребно е да собере 100.000 евра за лекувањето на нејзините деца. Во хуманитарни цели одат и средствата кои беа плаќани за гласање на вечерашното шоу, а повеќе за хуманитарната акција може да дознаете тука.