Категории

Даниел од култниот филм „Такси“ денес изгледа сосема поинаку (фото)

Поминаа дури 18 години од првото прикажување на еден од најпопуларните француски филмови во последните неколку децении. Актерот Сами Насери (55), која ја толкуваше улогата на вонсериски познавач на автомобилите и таксистот Даниел Моралес, денес изгледа сосема поинаку.

Таа 1998 година во кината пристигна акциона комедија „Такси“ на Лик Бесон која за кратко време стана вистински хит особено кај помладата популација. Во видео клубовите имаше лист на чекање за касетата која вредеше секој денар, а филмот својата популарност во голема мерка му ја должи и на Насери кој го толкуваше ликот на Даниел.

За него тоа беше улогата на кариерата, а го играше Даниел и во следните три продолженија. Кога се појави првиот филм на големите платна Даниел имаше 37 години. Сега 18 години подоцна, го издаваат светлите очи и препознатливата лузна под левото око. Седата коса стана негов препознатлив знак.

Во приватниот живот за него немаше мирување, па дури неколку пати бил обвинет за хулиганизам и се соочувал со кривични постапки.

Постојат шпекулации за најново продолжение на филмот „Такси“, но официјални информации се уште нема.

Прегледи:
352
Објавено на:
23.01.2017