Данската ракометна репрезентација е победник на олимпискиот турнир во Рио, откако вечерва во финалето ја совлада Франција со 28:26.
Данците одиграа подобро во финишот на првото полувреме кое го завршија со предност од два гола (16:14), иако во 21.минута губеа со 12:10. Оваа предност на крајот се покажа како пресудна за конечниот победник, бидејќи во вторите 30 минути се играше рамноправно 12:12.
Данците во неколку наврати водеа со три гола разлика, еднаш имаа и највисоки плус пет (25:20), доволно за рутиниран финиш.
Најдобар играч на мечот беше Микел Хансен со осум голови. Во мечот за третото место Германија ја победи Полска со 31:25.