Почитувани,
Задоволство ни е да Ви најавиме дека после точно 17 години од легендарните концерти во Универзална Сала, Дарио и Миг 21 ќе одржат ексклузивен концерт во Македонската Филхармонија на 17 февруари.
Концертот е по повод 40 години од кариерата на Дарио, а во склоп на проектите со кои Авалон Продукција слави 30 години постоење.
Македонската публика ќе има можност, во блиска средба со македонската поп легенда, да ужива во многуте безвременски хитови изведени во живо со Миг 21, во уште поатрактивни аранжмани од студиските верзии.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од среда (18 јануари) од 9 часот наутро онлајн на аvalon.mk и ширум продажната мрежа на Aвалон по цена од:
1.200 денари и
ВИП 1.500 денари
Кога се концертите во Македонската Филхармонија во прашање, а и ако се земе предвид фактот што Дарио после долго време настапува во живо, нашиот совет би бил да бидете многу брзи во среда наутро.
Ваша,
Авалон Продукција