Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски е победник на полумаратонската трка на денешниот Виз ер Скопски маратон.
По триумфот на полумаратонот во Белград, Ивановски успеа да слави и на домашен терен во Скопје. Патеката во должина од 21 километар ја мина за време од 1:11:27 часа.
Второто и третото место го освоија исто така Македонци. На втората позиција се најде Атанас Анчевски, кој на целта стигна за време од 1:14.10 часа, а третопласиран беше Милош Ранчиќ (1:16.07 часа).