Категории

David Guetta со спектакуларно шоу на 5ти јуни повторно во Скопје

Светскиот диџеј David Guetta ќе се појави повторно пред македонската публика и публиката од целиот регион на 5-ти јуни, а се најавува како најголемото шоу на овие простори во последниве години, местото на случувањето ќе биде арената „Филип Втори“.

Под франшизата Skopje Calling, со невидена светска продукција спектакуларно шоу ќе одржи една од најголемите глобални ѕвезди на денешницата, најголемиот хит мејкер на 21 век, неприкосновениот David Guetta. На светската музичка сцена, David Guetta важи за многу повеќе од диџеј и продуцент, статус што го заслужи уривајќи многу рекорди. Неговите соработки со Rihanna, Madona, Kelly Rowland, Estelle, Akon, Fergie, Sia, Lady Gaga, Britney Spears, Nicki Minaj и уште многу други, станаа светски хитови.

Пред Guetta како специјален гостин ќе настапи Robin Schulz, еден од најактуелните диџеи во последниве неколку години и сигурно највртениот артист во последниве неколку месеци на сите светски радио станици со неговите хитови со кои ги освои светските топ листи, водечките фестивали и клубови ширум светот, како што се„Prayer in C“, „Sun Goes Down“, „Sugar“, „Headlights“, „Show Me Love“, „Yellow“.

Skopje Calling 2016 ќе биде досега невидено продукциско шоу во Македонија. Стадионот ќе биде во функција со полн капацитет. Шоуто ќе започне со настап на локални диџеи, како и новата француска диџеј ѕвезда Kungs.

Билетите се пуштаат во продажба од утре, 06.04.2016 година, а се движат од 500 до 1.500 денари. Повеќе за настанот може да видите тука. 

Прегледи:
575
Објавено на:
05.04.2016