Категории

Дечиња со посебни потреби промовираа детска линија на облека

Модниот бренд “River Island“ е навистина за пофалба. Тој се карактеризира со тоа што во своите кампањи секогаш вклучува постари лица, како и лица со вишок на килограми.

Овој пат, за промовирање на детската линија на облека, модната куќа реши да ги вклучи дечињата со посебни потреби.

Дечињата се на возраст од 3 до 10 години и доаѓаат од Велика Британија. Некои од нив страдаат од церебрална парализа и Даунов синдром.

Но, овие дечиња и покрај се, никогаш не ја симнуваат насмевката од лицето. Тоа може да се забележи и по фотографиите.