Категории

ДЕЧКО, СТРПИ СЕ. ТЕШКО ЌЕ БИДЕ НЕЈЗИНИОТ ЦРН СВЕТ ПОВТОРНО ДА ГО ОБОИШ ВО ШАРЕНО!

 Полека, пријателе. Внимавај. Таа не е како останатите девојки. различна е. Многу различна. Срцето и душата и се обоени во црно. Се е црно во нејзиниот свет.

Таква ја направија оние на кои им веруваше, оние кои глумеа пријатели. Најмногу ја оцрна ТОЈ. И кажуваше дека ја сака, дека се би дал за неа. Но, ја остави. Ја шутна како фудбалска топка.

И сега го гледа, се смее пред него, се прави силна. А навечер ја покрива главата со ќебето и плаче. Не за него, туку за спомените. За сите среќни денови со него.

Наутро ја става нејзината неодолива насмевка и се облекува во црно. Ете гледаш, за да го заборави, дури и фризурата ја промени. Се, само него да го заборави.

Силна е таа, пријателе. Сите пречки во животот ги има преминато. Па зошто да не може и ова? Ќе стегне заби и ќе преброди. Но, внимавај.

Тешко ќе биде нејзиниот црн свет повторно да го обоиш во шарено. И самиот знаеш дека ќе биде потребно време за тоа. Тешко да му ја вратиш насмевката, на тој што заборавил да се смее.

Но, ако и ти ја оцрниш како што направи тој, тогаш таа потполно ќе се затвори во себе. Навикната била да ја повредуваат, но секоја рана, боли на свој начин. Некои и никогаш не зараснуваат.

Затоа ако ја освоиш на кој било начин, чуваја како капка роса на дланката. Како цвет. Како некој предмет со огромно значење, бидејќи вреди. Чувај ја пријателе, посебна е.

Е.

Прегледи:
416
Објавено на:
29.06.2016