На 30 јули во Софија се одржа концерт на еден од најпопуларните светски рокерски групи, американскиот неверојатен бенд „Imagine Dragons“.
Десетици илјади фанови имаа можност да присуствуваат и да пеат заедно со нивниот омилен бенд, да ги почувствуваат во живо сите нивни омилени песни, а она што беше посебно беше енергијата којашто бендот ја пренесуваше во текот на целиот настан.
Водечкиот вокал, Ден Рејнолдс на публиката ѝ се обрати со еден навистина моќен говор за менталното здравје којшто на сите им се врежа во срцата.
Всушност, Ден Рејнолдс е воедно и терапевт, а како што вели тој, терапијата и музиката што ја создава се причината поради која живее.
Тој им се обрати на сите коишто имаат проблеми со менталното здравје, да останат силни и да побараат помош доколку истата им е потребна, нема ништо лошо и срамно во тоа да се побара помош затоа што животот е вреден да се живее!